Прекин во четврта лига поради ТВ-пренос (Видео)

Регионалното дерби меѓу Фортуна Келн и Ахен ќе се памти по потегот на навивачите на двата клуба. Иако се работи за меч од четвртата лига во Германија, дуелот имаше директен телевизиски пренос, но фановите на двата клуба не беа воопшто среќни.

Поради ТВ-правата, беше решено мечот да се игра в понеделник, а не за викенд како што очекувале фановите. За да го покажат својот револт за оваа одлука средбата да се игра во работен ден, домашните навивачи направија прекин со тоа што фрлија голем број тениски топчиња на теренот.

Потоа голем дел од навивачите на двата клуба, „вооружани“ со свирчиња, решија да му попречуваат на судијата и да не може да се слушне судиската свирка. Во тоа и успеаја, па дуелот беше во прекин 15-тина минути. Сепак, по договор на навивачите, мечот на крајот продолжи, а заврши со резултат 1:1.

- Оглас -

Најнови вести