Прекинат е најдолгиот низ на одиграни мечеви во последниве 49 години

Од сезоната 1970/71, ниту еден кошаркар не настапи на повеќе последователни натпревари од Карл Ентони Таунс. Центарот на Минесота до вчера бележеше 303 одиграни натпревари во низа, поточно од моментот кога дебитираше во НБА лигата пред четири години.

Ноќеска таа низа е прекината, Таунс не можеше да игра против Њујорк никс поради полесна сообраќајна несреќа која ја претрпел кога се движел на пат кон аеродром. Од таборот на Минесота не истакнаа некаква повреда, а не се знае дали ќе биде во составот и во следниот меч, односно гостувањето во Милвоки.

Првиот пик на драфтот од 2015 година, сезонава бележи просек од 23,1 поени и 12 скока по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести