Премиер лигата воведува промена: Ако две екипи имаат еднаков број бодови, шампионот нема да се одлучува по гол-разликата

Почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига ќе донесе и нови промени. Доколку на крајот од сезоната две екипи имаат еднаков број бодови, прво ќе се гледаат меѓусебните дуели, а не како што беше досега, кога на крајот за распоредот на табелата се гледаше вкупната гол-разлика.

Од новата сезона, многу поважно ќе биде како ќе завршат меѓусебните два дуели. Дури ако во двата меча нема тим со подобар биланс, потоа ќе се гледа вкупната гол-разлика. Ново правило е и тоа што за првпат во Премиер лигата ќе се воведе зимска пауза.

- Оглас -

Најнови вести