Премиер лигата ќе доцни две недели, рестартот презакажан за 26. јуни?

Двата нови случаи на заразени фудбалери со Ковид-19 што се појавија во таборот на Борнмут може да го одложат рестартот на Премиер лигата, планиран за 12. јуни.

Британскиот медиум „Ивнинг Стандард“ објави дека е можно пролонгирање од две седмици и кам-бек на најквалитетното англиско фудбалско натпреварување на 26. јуни.

Асоцијацијата на професионални фудбалери, ПФА и менаџерите на клубовите побараа да имаат еден месец тренажен процес за да се вратат на терените и реален датум за рестарт на Премиер лигата за нив би бил 26. јуни.

Претходно Британската Влада дозволи првенството да продолжи на 12. јуни и тоа беше датумот на кој се очекуваше кам-бек на англиските прволигаши.

 

- Оглас -

Најнови вести