Премиерот на Велика Британија со убави вести: Стадионите повторно ќе се полнат со навивачи

Борис Џонсон, премиерот на Велика Британија, ја информираше јавноста со позитивни вести поврзани со спортот на Островот. Џонсон посочи дека стадионите наскоро ќе се полнат со навивачи, а кон целосно враќање во нормалата ќе се чека до октомври.

Во следниот период, па сè до 10-тиот месец од годината ќе се прават експериментални обиди, односно ќе се бара најбезбедниот начин да им се овозможи враќање на навивачите на трибините, притоа да биде согласно мерките за заштита од корона-вирусот. Подразбирливо, стадионите нема да бидат исполнети максимално, туку ќе има ограничен број посетители, а бројот постепено ќе се зголемува.

Тоа значи дека новата сезона во Премиер лигата најверојатно ќе ја дочекаме во претпознатлива атмосфера која ја креираат фановите, распеани и расположени што повторно се на стадион и го гледаат омилениот клуб.

- Оглас -

Најнови вести