Пресилни се Американците за да дозволат изненадување на Курасао

САД – Курасао (02 часот – Голд куп, четвртфинале)

Бранителот на трофејот доби лесна задача во првата нокаут фаза, односно четвртфиналето од Голд купот. Од САД се очекуда ва биде третиот полуфиналист по Хаити и Мексико, а селекцијата на Курасао за нив е лесно минлива пречка. Американците се меѓу најефикасните селекции, со 11-0 гол-разлика и максимален учинок ја минаа групата Д, а се чини дека нивната мрежа и ноќеска ќе остане недопрена.

Воедно ова ќе биде прва меѓусебна средба на САД и Курасао, но фактот што се непознати противници нема многу да значи за време на дуелот кој ќе се игра во Филаделфија.

Предлог тип: 1-1 & 2-4 (2.50)

 

Портланд тимберс – Далас (05 часот – МЛС лига)

Дрвосечачите никако да проработата сезонава. Портланд засега се посрамотува како пораешен шампион на САД, а вечерва им гостува една од подобрите екипи на Западот. Тимот на Далас со 26 бода по 18 одиграни натпревари стои на четвртото место и постепено го осигурува местото во разигрувањата. Веќе четири меча се без пораз во кои Тексашите издвоија по две победи и ремија.

Она што го загрижува Далас се неуспешните гостувања во Портланд во изминативе три години, во кои не успеале да се изборат за трите бода. Во вкупно 10 гостувања од 2011 година, Далас само еднаш се радуваше против Портланд, а многу ретко се случува да нема победник во меч во кој се среќаваат овие две екипи.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.12)

 

Атлетико Акреано – Волта Редонда (00:01 часот – Серија Ц Бразил, 10-то коло)

Акреано дури во осмото коло дојде до првата овосезонска победа во бразилската трета лига, па сосема заслужено се последен тим на табелата во групата Б. Волта има еден триумф повеќе, и само три бода предност, а веќе шест меча не можат да остварат посакуван резултат.

Токму поради овие работи, се очекува да биде тврд дуел кој може да се реши со еден гол. Првата меѓусебна средба која се одигра во април годинава, припадна на Волта со убедливи 3-0, така што домаќините имаат шанса да се реваншираат за тоа разочарување.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.50)

 

Њујорк метс – Атланта брејвс (01:05 часот – МЛБ лига)

Катастрофалната форма на Метс трае веќе седум меча. Четири порази од Филаделфија, два од Атланта и еден од Чикаго, го испратија тимот од Њујорк во долниот дел од табелата во Националната конференција, додека пак Храбрите губат на секој трет меч, но се втори во истата конференција.

Токму последните два порази на Метс се од Атланта, со 4-5 и 2-6, така што нема да биде изненадување ако Брејвс лесно дојдат и до „три од три“.

Предлог тип: <8.50 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести