Пресметано е колку лица починале (ин)директно поради мечот Ливерпул – Атлетико

Британскиот весник „Сандеј тајмс“ објави текст во кој се објавени податоци дека фудбалскиот натпревар помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите, одигран на 11 март, придонел за смрт од коронавирус на 41 лица. Мечот на „Енфилд“ се играше со 52-илјадна публика, а имаше и 3.000 фанови од Шпанија, земјата во која веќе вирусот беше масовно раширен (тогаш имаше 640.000 случаи), додека во Британија беа околу 100 илјади.

Анализите покажале дека последиците од играњето со публика на тој меч биле големи. Според бројот на починати во локалните болници, споредено со другите региони во Англија, некако се дошло до бројка дека 41 смртни случаи во следните 25 до 35 дена после натпреварот, дошле како последица од нечие присуство на стадионот.

Пред еден месец и градоначалникот на Мадрид изјави дека било грешка што се дозволило навивачите на Атлетико да отпатуваат во Англија.

Истите кои пресметаа дека 41 лица починале поради некаква врска со мечот Ливерпул – Атлетико, пресметале дека други 37 луѓе починале поради лично присуство или друга врска со фестивалот во Челтенам каде во втората недела од март, на коњичките трки се собраа дури 250.000 луѓе.

- Оглас -

Најнови вести