Пресудата во Турција му пресуди на Каран во Шкупи

Умит Каран си замина од Шкупи поради сосема нефудбалски причини, а пресудата од 20 месеци затвор во Турција за сексуален напад беше пресудна за завршување на тренерската кариера на „Чаир“ за поранешниот репрезентативец на Турција.

Како член на реалното шоу „Сарвајвл“, или „Преживување“, Каран се обидел сексуално да нападне жена која била дел од тимот и по долго судење е обвинет и доби казна од 20 месеци, која мора да ја одлежи.

Во таборот на Шкупи знаеја за проблемот на Каран, но не му врачија отказ, а фудбалски Турчинот имаше солидна одисеја во Македонија, освен европскиот неуспех и испаѓањето од квалификациите за настап во Лигата на Европа во првата рунда од Пјуник.

Денеска завршува мојата епизода како тренер на Шкупи. Г информирав раководството и играчите за моето заминување. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ми беа поддршка во изминатава година и беа со мене и во добро и во лошо“, изјави Каран на прес-конференција.

До наоѓање негова замена, Фарук Јонуз ќе биде привремен кормуилар на Шкупи.

 

- Оглас -

Најнови вести