Пресврт: Ливерпул сепак, ќе игра за светска титула годинава

Ливерпул сепак, ќе игра светска титула во Светското клупско првенство. Ова натпреварување оваа година ќе се одржи во Катар почнувајќи од 18 декември, исто како и во 2020 година. Иако најавите беа дека ФИФА одлучи да направи промени за клупскиот Мундијал да се одржува на секои четири години, сепак, првенството ќе се одржува како и досега.

Црвените како европски прваци директно ќе учествуваат од полуфиналето, исто како и шампионот на Јужна Америка кој ќе биде познат во ноември.

Иако Ливерпул досега шест пати ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите, никогаш во својата историја не биле светски прваци, ниту во новиот формат, ниту кога ова првенство се играше како Интерконтинентал куп.

Единствен англиски тим кој ја има освоено светската титула е Манчестер јунајтед во 2008 година, додека последен англиски тим кој играше финале во СКП беше Челзи во 2012 година, кога загуби од бразилски Коринтијанс.

- Оглас -

Најнови вести