Пресврт: Ниту Мбапе, ниту Халанд – Зидан го бара Кејн!

Реал Мадрид наводно се откажува од евентуалните трансфери на Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, младите ѕвезди на Дортмунд и ПСЖ, со цел да се обиде да го присвои потписот на голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн.

Англискиот репрезентативец е големата желба на Зинедин Зидан според пишувањата на англиските и шпанските медиуми, кој пак е достапен да си замине од Лондон доколку стигне понуда повисока од 120 милиони евра.

Кејн има 28 години и наводно сака да го напушти Тотенхем со цел да почне да освојува големи трофеи, кои му недостасуваат во кариерата иако на индивидуално ниво постигна многу. Ниту Мурињо не му помогна во таа мисија, Тотенхем сезонава е далеку од битка за титулата во Премиер лигата, претрпе тешка елиминација од Динамо Загребн во Лигата на Европа, а Лига Купот остана утешна награда доколку Петлите триуфмираат во финалето против бранителот Манчестер сити.

Поради тоа, Кејн може да бара нова средина, односно да размислува за преселба во Шпанија. Така, Кралевите наместо да бијат битка со речиси сите европски гиганти околу новите ѕвезди на фудбалот, ќе запне за потписот на Кејн кој е мета и на Пеп Гвардиола и Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести