Пресврт што ќе се памети – Победничката симфонија на Јута Џез траеше 13 секунди, шампионот доживеа класичен нокаут (Видео)

Јута џез приреди голем подвиг во драматичен меч против Голден стејт вориорс и за 13 секунди анулира негатива од четири поени и победи со 124:123.

При резултат 123:119 за шампионот, домаќините имаа напад на 13.3 секунди и погодија тројка, откако Клеј Томпсон го заборави Малик Бисли и несфатливо се повлече кон рекетот.

Бисли остана сам и погоди за 123:122, а потоа на актуелниот првак, Голден стејт вориорс му се случи уште полош момент.

На 7 секунди до крајот Џордан Пул загуби топка и Јута набрзина преку Фонтекио постигна победнички поени за 124:123.

Токму Пул кој беше и трагичар на мечот постигна најмногу поени, 36, во отсуство на Стефон Кари, кој не играше.

Куминга даде 24 поени, а Томпсон 22, но џабе му се на шампионот тројца најефикасни кошаркари на мечот што го загуби на драматичен начин.

Џордан Кларксон беше најефиксен кај Јута со 22 поени.

Колапс му се случи и на еден од двата најтрофејни тима во НБА лигата, Лос Анџелес лејкерс, без двете големи ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Кралот и Веѓата не играа против Торонто, па Репторс го декласираа ривалот од Ел-Еј со 126:113.

Резултати: Орландо – Л.А. Клиперс 116:111 по продолженија, Бруклин – Шарлот 122:116, Њујорк – Атланта 113:89, Торонто – Л.А. Лејкерс 126:113, Чикаго – Вашингтон 115:111, Мемфис – Оклахома 123:102, Милвоки – Сакраменто 126:113, Минесота – Индијана 121:115, Њу Орлеанс – Детроит 104:98, Јута – Голден стејт 124:123, Феникс – Бостон 98:125.

 

- Оглас -

Најнови вести