Претседател на италијански третолигаш заразен од коронавирусот

Претседателот на италијанскиот третолигаш Новара Маурицио Руло, е тестиран позитивен на коронавирусот, потврди клубот преку соопштение. Руло вчера бил пренесен во градската болница каде му биле извршени неколку тестирања кои го потврдија присуството на вирусот, а според информациите тој се заразил за време на службено патување во Германија.

Засега не е познато дали бил во директен контакт со играчите или стручниот штаб, но од клубот најавија дека ќе продолжат со своите обврски во Серија Ц, додека специјален медицински тим ќе испитува дали има и други заразени во редовите на Новара.

Инаку, Новара е втор италијански клуб кој директно е погоден од коронавирусот, откако се потврди дека и во редовите на третолигашот Пианесе има двајца заболени фудбалери и еден член на стручниот штаб.

Според последните информации, во Италија се пријавени 5.061 заразени лица, досега починаа 223 луѓе, додека 567 од заразените се на интензивна нега.

- Оглас -

Најнови вести