Претседателот на Барселона не отпишува враќање на двете големи легенди: Никогаш не се знае

Барселона денеска го претстави Дани Алвес за нов играч.

Искусниот бразилски фудбалер по пауза од пет години, се врати на „Камп ноу“, но се чини дека тоа е само загревање за тоа што следува.

Како што е познато, Чави исто така се врати, но овојпат како тренер на клубот, а претседателот на тимот, Хуан Лапорта, на прес-конференција не отпиша враќање на Лео Меси и Андрес Иниеста.

„Нема да отпишам никого бидејќи годините се само број како што е случајот со Дани.

Никогаш не се знае, Меси и Инеста се едни од најважните играчи во историјата на Барселона и не можам да предвидам што ќе се случи утре.

Тие се под договор со други клубови, но никогаш не се знае“, кажа Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести