Претседателот на ФИФА позитивен на ковид-19

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, е позитивен на ковид-19, потврдија од таборот на Светската фудбалска куќа. Првиот човек на фудбалот има благи симптоми и веќе е сместен во карантин, каде што ќе мора да седи најмалку 10 дена.

Исто така, ќе мора да се изолираат сите лица кои биле во директен контакт со 50-годишниот Инфантино во изминативе неколку дена со цел да се спречи поголемо ширење на корона-вирусот.

„Резултатите од тестот на Џани Инфантино за ковид-19 стигнаа позитивни, по што претседателот на ФИФА е сместен во карантин. Инфантино покажува благи симптоми и ќе мора да помине 10 дена во самоизолација. Исто така се препорачува сите кои биле во контакат со господинот Џани во изминативе денови да се изолираат“, стои во соопштението на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести