Претседателот на Ла Лига се закани: Ќе ги тужиме ПСЖ и Мбапе, а ќе ја известиме и Европската унија

Страстите околу новиот договор на Мбапе со Пари Сен Жермен, не стивнуваат. Напаѓачот стави параф на тригодишна соработка која што ќе му донесе над 650 милиони евра, но и одлучување за новите трансфери и тренери.

Од Ла Лига, пред неколку дена излегоа со официјално сопштение дека се разгледува можноста да се тужат фудбалерот и ПСЖ за ваквиот неверојатен договор.

Сега, претседателот на ова натпреварување, Хавиер Тебас изјави дека против фудбалерот и ПСЖ се прави легален случај.

„Со француска адвокатска фирма правиме случај против ПСЖ и Мбапе во кој што наведуваме дека се прекршува фер плеј правилото на УЕФА.

Ќе ја известиме Европската унија и УЕФА за сето ова и веруваме во праведно судење и изнесување на сите детали во јавноста“ изјави Тебас.

 

 

- Оглас -

Најнови вести