Претседателот на Рома го брани тренерот, a ги напаѓа играчите

Претседателот на Рома, американскиот тајкун со италијанско потекло Џејмс Палота, по мечот со Интер изјави дека нема намера да му даде отказ на тренерот Еузебио ди Франческо. Палота имаше критики за неговите фудбалери, но и за судењето на средбата со Интер.

„Еузебио е сигурен на својата позиција. Одговорноста за резултатите не е негова, туку зависи од потенцијалот на играчите. Ди Франческо добро си ја врши работата, тој не игра на теренот, тоа е работа на фудбалерите“, изјави Палота, кој мечот на Рома со Интер го гледаше од својот дом во Бостон.

Според Палота, судиите биле против Рома, особено во првото полувреме, и јавно праша како е можно 28 кола по ред да не се досуди ниту еден пенал за неговиот клуб. Навивачите бараат од Палота да купи барем две засилувања во јануари, ако веќе не планира да го менува тренерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести