33.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Претседателот Трамп ќе му додели Орден на слободата на Тајгер Вудс

Тајгер Вудс следната недела ќе го прими Орденот на слободата, највисокото одличје во САД кое се доделува на индивидуалци за посебен придонес на интересите на САД. Четириесет и тригодишниот голфер ќе се појави на церемонијата во понеделник, на 6 мај, која ќе се одржи во Белата куќа, а Орденот ќе му го додели претседателот Доналд Трамп.

Вудс пред извесно време ја освои првата Мастерс титула по 11 години пост, а воедно по петти пат стана шампион на Аугуста. Тој ќе биде четвртиот голфер кој ја има честа да го добие овој медал за почесен граѓанин, претходно го добија Џек Никлас, Арнолд Палмер, како и првиот црномурест ПГА голфер, Чарли Сифорд.

Били Џин Кинг и Мајкл Џордан се меѓу попознатите спортисти во САД кои исто така можат да се пофалат со Орденот на слободата.

- Оглас -

Најнови вести