Претседателско испраќање – Макрон им посака среќа на Французите

Франција е еден од фаворитите на ракометниот Мундијал во Германија и Данска, а „триколорите“ имаа ВИП испраќање со присуство на претседателот на државата, Емануел Макрон.

Првиот човек на Франција пристигна во Кретеј за да ја прогласи за отворена новата куќа на ракометот, а патем им посака и многу среќа на избраниците на Дидие Динар.

Франција ќе игра во Берлин во првата фаза од Светското првенство и се наоѓа во групата А со домаќинот Германија, Србија, Русија, Кореја и Бразил.

 

- Оглас -

Најнови вести