При пеналот за Интер, најмногу настрада судијата (видео)

Интер славеше во градското дерби против Милан со 3-2, се видоа многу возбудувања и погодоци, но и една комична сцена во која настрада главниот арбитер Марко Гида.

Се играше 66-тата минута кога „нераѕурите“ добија пенал во нивна корист, откако Кастилјехо го сруши Политано на работ од шестнаесетникот на „росонерите“. Во непосредна близина беше судијата, па од брзање да досуди прекршок, се лизна и се здоби со мала повреда на задниот дел на бутниот мускул.

Сепак, помина подобро од очекуваното, Гида продолжи да ја дели правдата до самиот крај, иако при вакви ситуации многу фудбалери се здобивале и со потешки повреди.

https://twitter.com/SwypeSports/status/1107386789797474308

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести