При толку напаѓачи, левиот бек даде два гола и го спаси првакот (Видео)

Атлетико Мадрид со 2:0 ја победи Селта Виго и тоа благодарение на двоата погодоци на Ренан Лоди. Левиот бек на Јорганџиите погоди по еднаш во двете полувремиња и донесе три бода за шампионот.

Првиот погодок беше по асистенција на Кондогбија во 36 минута.

По точно еден час игра, комбинацијата беше иста. Кондогбиј асистираше, а Лоди погоди за 2:0. Левиот бек на Атлетико беше херој иако во домашниот тим во нападот продефилираа Луис Суарес, Антоан Гриезман, Жоао Феликс и Анхел Кореја.

- Оглас -

Најнови вести