Притисок врз Алиоски, Лидс се интересира за Марсело

Лидс и Евертон се двата премиерлигаши кои се интересираат за ангажирање на бразилскиот лев бек Марсело. Иднината на Марсело во Реал е неизвесна, неговата форма е во пад, па тој би можело да замине од Кралскиот клуб и да се пресели во еден од просечните клубови во Премиер лигата.

Марсело го носи дресот на Реал уште од 2007 година, има 528 настапи и ако мадриѓаните добијат добра понуда за него, ќе ја прифатат. Марсело му е резерва на Ферлан Менди, а се појави и младиот Мигел, кој е одличен на таа лева бековска позиција. Притоа и Давид Алаба и Начо може по потреба да играат како леви бекови.

Посебно интересно може да биде ако Марсело премине во Лидс бидејќи тоа со сигурност ќе значи заминување на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, но Марсело е бавен и тоа не е согласно барањата и стилот на игра кој го негува тренерот Локо Бјелса.

- Оглас -

Најнови вести