Призна дека е геј, а сега се плаши да игра на Мундијалот во Катар да не го убијат!

Џош Карвалјо е фудбалерот кој пред само 20-тина дена јавно преку социјалните мрежи призна дека е хомосексуалец. Играчот на Аделаида јунајтед откри дека веќе не можел да издржи да живее двоен живот и дека морал да ја открие својата тајна.

„Јас сум фудбалер и сум хомосексуалец. Сè што сакам е само да играм фудбал и да бидам рамноправен на теренот“, беше пораката на Карвалјо пред камерата.

Карвалјо е млад талентиран фудбалер кој е член на У20 на Австралија и потенцијален сениорски репрезентативец. Кенгурите се надеваат на пласман на Мундијалот во Катар, а моментно се на второто место во групата, кое им обезбедува место на планетарниот собир. Карвалјо вели дека доколку Австралија биде дел од Светското првенство, а тој биде повикан во составот, нема да му биде сеедно тоа што ќе мора да патува во Катар.
„Прочитав нешто дека таму убиваат луѓе кои се хомосексуалци. Тоа е нешто што многу ме плаши и поради тоа не би сакал да одам во Катар. Тоа би било многу тажно затоа што Светското првенство е едно од најголемите достигнувања за секој професионален фудбалер да ја претставува својата земја. Сепак, кога ќе сфатите дека земјата домаќин не ја поддржува геј популацијата, тоа би било ризикување на мојот живот. Едноставно, доаѓа прашањето дали мојот живот е повреден од добра кариера“, вели Карвалјо.
- Оглас -

Најнови вести