Проблем во кошаркарската репрезентација, талентираниот Зеќири веќе не сака да игра за Македонија?!

Лејсон Зеќири не се појавил на првите тренинзи на македонскиот национален тим пред дуелот со Шпанија в петок, а неофицијално, тој размислува дали и во иднина да продолжи да игра за Македонија, бидејќи желба му е да биде репрезентативец на Косово.

Крилниот центар Зеќири кој има 20 години, во минатата сезона беше член на Гостивар и МЗТ Уни банка, летоска прејде во Сигал Приштина, каде игра одлично, има преддоговор со турски Бешикташ, па се најде на листата од 15 кошаркари во македонскиот А тим за петочниот дуел со Црвената фурија.

Селекторот Драган Бајиќ и раководството на КФСМ уште чекаат дефинитивен расплет на ситуацијата, по што ќе се знае дали дополнително ќе биде повикан друг играч, и дали евентуално ќе му биде дадена дозвола на Зеќири да игра за друга земја.

- Оглас -

Најнови вести