Проблем за Лацио, Имобиле нема да игра против Милан

Играњето со рака за кое доби жолт картон и притоа беше досуден пенал за Торино, за напаѓачот Чиро Имобиле значеше дека на следниот меч ќе треба да одлежи суспензија. Наредниот меч на Лацио е на свој терен против Милан, в сабота на 4 јули. На тоа дерби, Орлите ќе мора да се снајдат без својот лидер и најдобр стрелец.

Имобиле е прв стрелец во Серија А и му фалат шест гола за да го стигне Роберт Левандовски во трката за прв стрелец во Европа, па затоа неиграњето против Милан е чекор назад и за тимот на Лацио и за самиот Имобиле, бидејќи ќе му се намалат шансите да биде Златна копачка на Европа.

Лацио на дербито со Росонерите на „Олимпико“ в сабота нема да може да смета ниту на Каиседо, кој исто така е суспендиран поради насобрани жолти картони, па нападот на Лацијалите ќе биде значително отапен.

- Оглас -

Најнови вести