Проблем за Панцерите: Тројца првотимци се повредени на два дена пред дуелот со Унгарија

Јоаким Лев, селекторот на Германија, се соочува со проблеми во пресрет на дуелот против Унгарија од третото коло, во кој поранешниот светски шампион треба да го потврди пласманот во нокаут-фазата од Европското првенство.

Повредени се тројца првотимци, искусните Хумелс и Милер имаат болки во колената, Гундоган се соочува со проблем со листот, додека за настап е отпишан дефанзивецот Клостерман. Сите го пропуштија денешниот тренинг на репрезентацијата, по што ќе се проценува дали ќе бидат подготвени за клучниот натпревар на 23 јуни.

Панцерите си ги зголемија шансите за осминафинале по победата над европскиот првак Португалија со 4-2, но за два дена ќе треба да го потврдат пласманот со позитивен резултат против Унгарците, кои пак покажаа храброст во ремито со Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести