Проблем за Реал во незгоден момент – Крос е во изолација, имал контакт со заразен со Ковид-19

Реал Мадрид има неочекуван проблем во незгоден момент и веројатно ќе мора да игра без Тони Крос во недела во Билбао против Атлетик.

Германецот е во изолација, откако бил во контакт со заразен со Ковид-19 и тешко дека ќе игра во претпоследното коло во Ла Лига викендов.

Реал Мадрид објави соопштение во кое стои дека Крос е со негативен тест на корона-вирус, но неизвесно е дали ќе може да игра на „Сан Мамеш“ во недела од 18.30 часот.

Кралскиот клуб е во трка за титулата во Шпанија, но во последните две кола влегува со два бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид и ќе чека кикс на градскиот ривал за да стаса до шампионската круна.

Реал има подобар меѓусебен биланс од Атлетико и во случај на израмнет број на бодови со Јорганџиите ќе биде првак на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести