Проблемите за шампионот продолжуваат – Леброн Џејмс пак се повреди

НБА шампионот Лос Анџелес лејкерс има многу проблеми во финишот на регуларниот дел од сезоната и кога се чинеше дека ќе доиграат со сите расположливи сили, повторно се повреди Леброн Џејмс.

Главната ѕвезда на Шоумените ноќеска нема да игра против Денвер нагетс поради нов проблем со скочниот зглоб. Повредата како што објавија од таборот на Лејкерс не е тешка, а Леброн ќе паузира ноќеска, за да биде комплетно фит за плејофот.

Тој одигра само два меча, откако по пауза од над еден месец се врати на терените во НБА лигата, а паралелно со Џејмс повреден беше и Ентони Дејвис. Веѓата игра и ќе биде главен адут на Лејкерс ноќеска во дербито на Западната конференција против Денвер нагетс.

- Оглас -

Најнови вести