Ова е за рубриката „Верувале или не“, некои од фудбалерите на Манчестер јунајтед за слабите резултати сезонава ги обвиниле тесните дресови и чорапи. Опремата им била тесна и неудобна, па морале да носат реплики.
„Дејли мејл“ објави ваква ексклузивна вест која шокираше многумина. Според овој весник, спонзорот „Адидас“, кој осум години ги снабдува со спортска опрема, веќе барал решение за „проблемот“ на кој се жалеле ѕвездите на Црвените ѓаволи.

Некои од играчите на Јунајтед уште од второто коло не ги носат оригиналните чорапи кои им ги дал „Адидас“, а на голманот Андре Онана дресот му бил мал, па и тој морал да се снаоѓа и да брани со реплика наместо со оригинален дрес. Онана на мечот со Шефилд побара да му биде даден друг дрес.
Манчестер не е првиот премиерлигаш кој се жали на дресовите сезонава. Од Астон вила исто така имаа замерки, велат дека нивните дресови кога ќе се намократ, се многу тешки и ги попречуваат играчите да прикажат најдобра игра.

