Професоналците нека гледаат и нека учат: Аматер правејќи салто, шутна пенал и даде гол (Видео)

Норик Авдалјан, кој игра за тимот на Рубин во Медија лигата во Русија, постигна необичен, а спектакуларен гол од пенал.

Тој истовремено и ја шутна топката и направи салто. Надмудрениот голман се чудеше каква фитна му беше направена.

Норик по третпат дава гол од пенал на ваков начин, а вчера изјави дека имал среќа што голманот веќе тргнал на едната страна, бидејќи ако останел во место, веројатно ќе одбранел.

- Оглас -

Најнови вести