Прогнозерите имаат еден огромен фаворит во дербито на Лондон

Седмото коло од новата сезона на Спортска прогноза ни носи неколку интересни средби, а ние најмногу ќе се осврнеме на првата од „тринаесетката“.

Тоа е лондонското дерби меѓу Арсенал и Тотенхем кое се игра во сабота од 13:30 часот. Интересно е тоа што најголемиот дел од прогнозерите, дури 62,87 отсто веруваат дека Топчиите ќе се радуваат на победата, 26,93 проценти сметаат дека ќе нема победник, а во екипата на Антонио Конте верува само 10,20 отсто од играчите, што е навистина интересно размислување.

Како што е добро познато, мајсторот што ќе ги погоди сите 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците: Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет и X Box Series X.

Со еден промашен пар следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000, додека со две утки има ваучер од 500 денари.

За учество во бесплатната игра во режија на Sport Life и Спорт Манија можете да учествувате доколку имате SL картичка. Доколку ја немате, можете бесплатно да аплицирате во некој од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести