1320 Еибар – Леванте (19.00 часот)
Двата тима собраа по четири бода во првите две кола од втората шпанска лига и би сакале и по третата рунда да останат непоразени. Леванте во првите две кола и даваше и примаше гол, додека Еибар еднаш одигра ефикасен меч со 4, а еднаш само со еден гол. Домашните се фаворити, но Леванте уште од крајот на април не знае за пораз. Минатата сезона на „Ипуруа“ беше 3-1 за Еибар.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.30)
2437 У. Клуж – Динамо Букурешт (20.30 часот)
Ова е дерби во Романија, Универзитатеа од Клуж со победа би избила на прво место, а и Динамо е добар, сезонава на седум меча претрпе само еден пораз. За Динамо карактеристично е што има повеќе и примени и дадени голови од Клуж. Клуж пред некој ден загуби во Купот на Романија, но дома сезонава на двата меча даваше по три гола. Динамо десет години нема победа во Клуж, во мај нивниот дуел заврши 3-3.
Предлог тип: Т1 2+ (2.14)
3192 Борац Бања Лука – ГОШК (21.00 часот)
Тука нема дилеми околу конечниот исход, Борац е огромен фаворит за победа, прашање е само колку голови ќе паднат. Борац, кој е првак на БиХ, победи со 2-0 во својот единствен меч сезонава, а ГОШК има четири порази во четири кола со гол-разлика 2-9. Борац испадна на пенали од Ференцварош во Лигата на Европа, па ќе игра во Конференциската лига. Тие се тим кој не прима многу голови. ГОШК Габела даде еден гол на последниот нивен меѓусебен дуел, а Борац трипати по ред дава три гола против вечерашниот ривал.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.40)
1048 Салфорд – Милтон Кејнс (21.00 часот)
Овие два англиски четвртолигаши не ја почнаа добро сезоната во Лига 2. Салфорд уште не знае за победа по три кола, но има две ремија, а Милтон Кејнс има три бода од три меча, една победа со два порази. Салфорд е тим кој редовно игра тврди мечеви со 0-2 гола, а традицијата е на страна на МК Донс, кој минатата сезона двапати го победи Салфорд во мечеви на кои паѓаа 4-6 гола. Салфорд дома нема победа на официјален меч уште од март.
Предлог тип: 2 (2.25)
4212 Гимназија Ла Плата – Аргентинос ј. (22.00 часот)
Гимназијалците се во подобра форма, освоија 7 бода во последните три кола и се наоѓаат во средината на табелата со ист број бодови како гигантот Ривер плејт. Аргентинос јуниорс четири кола по ред не знае за победа и е 21-ви на табелата, но има само три бода помалку од Гимназија Ла Плата. Аргентинос ги загуби сите гостувања од мај наваму и нема дадено гол на гости на последните шест гостувања.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.00)