Промена на имиџот – Специјалниот стана ишишаниот (Фото)

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, зимската пауза ја искористи за да посети бербер и да си го смени имиџот, поточно фризурата. Португалскиот тренер со машинка беше истрижен на „нула“. Едни велат дека Специјалниот станал Ишишаниот, други што не го сакаат коментираат дека личи на некој што е болен од рак.

За Мурињо не е првпат толку многу да ја скрати косата. И во 2013 година кога го водеше Челзи, се реши на ист зафат.

Тогаш сам се шишаше со машина на Фернандо Торес, и после тоа Челзи имаше осум победи на наредните десет натпревари. Веројатно мисли дека сега повторно кратката коса ќе му донесе среќа.

 

- Оглас -

Најнови вести