Просинечки му ја затвори репрезентативната врата на Врањеш

Фудбалерот на Андерлехт, Огњен Врањеш, е исфрлен од националниот тим на Босна и Херцеговина. Ваква одлука донесе селекторот Роберт Просинечки, кој попушти пред барањата на навивачите кои не го сакаат Врањеш поради тетоважите со лик на четнички војвода и мапата на Република Српска.

Врањеш, кој од 2010 година играше за БиХ, последен пат во ноември 2018 на гостувањето кај Австрија ги покри тетоважите, но продолжи со контроверзно однесување, па аферата со српската пејачка Јелена Карлеуша ја прели чашата.

„Тој самиот си се исфрли од националниот тим. Некој што е репрезентативец, мора да биде во служба на тимот и на државата и да се докажува и надвор од теренот. И Сојузот ги осуди неговите постапки, афери, тетоважи, судир со фановите. Не ни требаат ниту најмали проблеми. Врањеш играше добро и ќе мора да најдеме решение на позицијата десен бек“, изјави Просинечки.

- Оглас -

Најнови вести