Просинечки не ги знаел имињата на половина репрезентативци на БИХ?!

Босанскиот фудбалер Харис Медуњанин, кој игра за Синсинати во МЛС-лигата во САД, жестоко го критикуваше поранешниот селектор на репрезентацијата на БиХ, хрватската легенда Роберт Просинечки, кој работи како тренер на турски Кајзери.

„За време на турнејата во Америка, тој им се дереше на играчите, одвај чекав да дојдат оние најискусните. Тогаш само молчеше. Многу ми пречеше неговото однесување. Тренерот мора да има карактер, а кога играчите се посилни од него, тука нема успех. Па, тој на половина играчи не им ги знаеше ни имињата. Во Бугарија ми рече дека нема да играм на првиот меч, но дека ќе играм цел меч со Сенегал. Се согласив, а тој против Бугарија ми даде да играм 20 минути и постојано викаше по мене. Веднаш знаев дека нема да играм од почеток против Сенегал. Ми даде половина час и со тоа заврши моето во репрезентацијата“, раскажува Медуњанин, кој има 35 години, а од дресот на БиХ се прости во 2018.

- Оглас -

Најнови вести