Протест по испаѓањето на СПАЛ со опасна порака: Извадете ги свињите од Ферара (Фото)

Навивачите на СПАЛ протестираат по испаѓањето на клубот во Серија Б, а истакнаа и транспарент со прободена свинска глава на него со порака што е опасна по раководството на клубот.

„Извадете ги свињите од Ферара“ беше напишано на транспарентот истакнат пред тренинг-центарот на СПАЛ. Клубот од Ферара по три години како калчолигаш, се сели во Серија Б, а ќе замине во понизок ранг на натпревари како последнопласирана екипа сезонава во Калчото.

На избраниците на тенерот Луиџи ди Бјаџо им останува уште мечот со Фиорентина во недела за крај на сезоната, но и со победа не можат да го избегнат последното место во Серија А и преселбата во понизок ранг.

Навивачите негодуваат и бараат комплетното раководство на СПАЛ да си замине, а челните луѓе на клубот побараа истрага за, според нив, опасната порака што беше истакната пред тренинг-центарот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести