Против Австрија без Несторовски, Николов и Муслиу

Македонија претрпе нокаут во финишот на гостувањето кај Полска и загуби со 2-0. Но, поразот е уште поболен ако се знае дека во следниот квалификациски меч против Австрија, селекторот Игор Ангеловски нема да смета на тројца првотимци поради суспензија.

Бобан Николов и Илија Несторовски пожолтеа во првото полувреме, па со по три жолти картони во овие квалификации им следува суспензија од еден натпревар. И третиот репрезентативец кој беше под закана за суспензија, дефанзивецот Висар Муслиу, го заработи вкупно третиот жолт картон, па и тој ќе отпадне од комбинација за средбата во Виена која е закажана на 16 ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести