Против Грција одиме на победа, но и реми ни одговара за прво место

Грција и Исланд ремизираа 28:28 во меч од петтото коло во нашата група и сега на Македонија ѝ одговара и реми во Струмица против нашиот јужен сосед за да биде сигурно прва.

Грците губеа на полувремето со 12:15, но ги изненадија Исланѓаните со многу подобра игра во продолжението и успеаја да освојат еден бод, со што и нам ни направија мала услуга.

Македонија ја победи Турција и сега има 7 бодови и подобар меѓусебен скор со Исланд, кој е втор со шест бода и ќе игра со Турците на свој терен во последното коло.

Турција со 4 бода е на третото место, а последна е Грција со три. Битката ќе биде за третата позиција, која може да обезбеди пласман на ЕП бидејќи четирите најдоброрангирани третопаслирани селекции ќе играат на континенатлниот ракометен собир.

 

- Оглас -

Најнови вести