Провокација од Атлетико: „Енфилд“ е многу стар, не би поминал технички преглед

Првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, по победата на Атлетико над Ливерпул, рече дека тренерот Диего Симеоне уште долго време ќе остане на клупата, а го „боцна“ и противникот на чиј терен Јорганџиите ќе треба да бранат предност од 1-0.

„Според новинарите, пред една недела не чиневме, а сега сме супер тим. Имаме голем тренер, уште долго ќе биде со нас. Ливерпул е тим кој имаше серија од 30 меча без пораз, велеа дека се најдобар тим на светот. Среќни сме што ги победивме, тој што удира прв, удира двојно, но има и реванш. Стадионот ‘Енфилд’ е славно место, но стар е. Не би ја поминал техничката инспекција ако го проверуваат“, рече Серезо со насмевка на лицето, што значи дека го кажал тоа на шега.

 

- Оглас -

Најнови вести