Прв гол на Депај за Барса, албанската сензација повторно погоди (Видео)

Барселона извојува рутинска победа против Жирона од 3-1 во контролен меч на кој холандскиот голгетер Мемфис Депај кој во Барса дојде летово, се запиша во листата на стрелци.

Депај во игра влезе во финишот на првото полувреме, на местото на Албанецот Реј Манај, кој даде гол, и во подготвителниот период има дури четири погодоци. Манај ја напушти играта поради главоболка.

За Депај, ова беше прв меч во дресот на Барса. И првиот гол за Каталонците беше од пенал, а тој удар од белата точка го изведе Жерард Пике.

https://twitter.com/i/status/1419007232218484741

- Оглас -

Најнови вести