Прв лигашки пенал за Реал на „Камп ноу“ после 13 и пол години, и пред тоа чекаа 14 години

Реал Мадрид одамна немал лигашка победа на гостување кај Барселона со резултат 3-1, ова им е најубедлив триумф на „Камп Ноу“ од оние 5-1 во 1963 година, а Кралевите патот до победата си го олеснија откако Серхио Рамос реализираше пенал кој и самиот го изнуди.

Претходно, Реал на „Камп Ноу“ имаше изведено пенал во 2013 година во Купот, стрелец беше Кристијано Роналдо, а последен лигашки пенал беше во март 2007 година. Тогаш погоди Руд Ван Нистелрој. Пред овој пенал на Ван Нистелрој, Реал на лигашки меч шутна пенал на Ел Класико во Барселона во 1993 година, кога изведувач и реализатор беше Мичел.

За некои пенал врз Рамос немаше, беше престорог досуден, но по прегледување на снимка на ВАР, судијата Мунуера покажа на белата точка, а капитенот на шпанскиот првак го погиди пеналот и сега има серија од 23 реализирани пенали по ред. Рамос иако е дефанзивец, тој 15 години дава голови, и во дресот на Реал веќе има 100 гола во сите натпреварувања. Рамос има пет голови против Барселона, четири со шутеви со глава, а сега и од пенал.

Ова Ел Класико во убаво сеќавање ќе му остане и на Лука Модриќ, кој за првпат во 22 пресметки против каталонците даде гол.

- Оглас -

Најнови вести