Прв пат загуби меч, а од ударите во главата почина (Видео)

Рускиот боксер Максим Дадашев почина во САД по тешките удари кои ги прими во главата за време на мечот против Субриел Матијас од Порторико.

„Максим почина. Неговото срце не издржа“, изјави човек од таборот на Дадашев.

Рускиот боксер, кој имаше само 28 години, во кариерата имаше 13 победи во 13 меча, а во петокот за првпат загуби. Освен поразот во рингот, Дадашев ја загуби и најважната битка. Почина како последица од силината на ударите на противникот.

Во текот на поголем дел од мечот, Матијас беше подобар противник, а кобна беше 11-тата рунда. Тогаш боксерот од Порторико успеа да му зададе неколку силни удари на Дадашев, а тренерите на Русинот побараа мечот да биде прекинат бидејќи се загрижија за здравјето на својот боксер.

Дадашев излезе од рингот кога почна да му станува многу полошо. Најпрво не можеше да издржи да стои на нозе, а потоа беше однесен во болница, каде што бил констатиран голем оток на мозокот. Веднаш била направена интервенција на черепот за да се намали притисокот, но сепак, Дадашев не издржа.

Боксерот зад себе ги остави жена му и тригодишното дете.

https://youtu.be/RNpy6dHossU

- Оглас -

Најнови вести