Прв посткорона ангажман во Серија А

Аталанта го откупи договорот на Марио Пашалиќ од Челзи за сума од 15 милиони евра. Со оглед на тоа дека двегодишната позајмица на Хрватот ја чинеше Аталанта 2,5 милиони евра, севкупната сума на ангажманот изнесува 17,5 милиони евра.

Хрватскиот играч за врска досега одигра 75 меча за тимот од Бергамо и е редовен во стартниот состав, па клубот со задоволство реши перманентно да го ангажира.

Оваа сезона Пашалиќ запиша 33 настапи во сите натпреварувања, во кои реализира седум погодоци и исто толку асистенции.

- Оглас -

Најнови вести