Прв првенствен пораз на Ajнтрахт во 2019 година

Ајнтрахт Франкфут претрпе пораз од Аугзбург со конечни 1-3  во последниот меч од 29-тото коло во Бундеслигата. Ова е прво разочарување за Ајнтрахт во германскиот шампионат во 2019 година, откако претходно во 11 последователни меча беа непоразени.

Иако домаќините добро го започнаа мечот со погодок на Пачиенсиа во 14-тата минута, следуваше колапс на фудбалерите на Ади Хитер. Рихтер во два наврати во првото полувреме ја затресе мрежата на Ајнтрахт, за потоа Грегорич да ги реши сите дилеми во 84-тата минута.

Аугзбург со овој триумф изби пред Шалке на табелата со 28 бода и сега се на 14-тото место, додека Ајнтрахт со седмиот овосезонски пораз во Бундеслигата остана на четвртото место со 52 бода, еден повеќе од Менхенгладбах.

- Оглас -

Најнови вести