Прва грешка, ја казни ексвардарецот Хамбарѕумјан – Ерменија води против Македонија

Хофханес Хамбарѕумјан, поранешниот играч на Вардар, ја искористи првата грешка на нашите репрезентативци и погоди во 55-тата минута за предност на Ерменија против Македонија од 1:0.

Ерменците набрзина изведоа акција, топката дојде до бекот на нивната репрезентација, а ударот не успеаја да го блокираат нашите дефанзивци, па од ногата на Муслиу, топката заврши во нашата мрежа.

До крајот на мечот има уште доста, а на Македонија ѝ одговара и реми во Никозија за да го освои првото место во нашата група и да се пласира во Сегментот Б.

- Оглас -

Најнови вести