Првенец за Златан на „Сан Сиро“, Милан против Јувентус во полуфиналето од Купот на Италија (видео)

Милан ќе му биде противник на Јувентус во полуфиналето од Купот на Италија откако Росонерите славеа со 4-2 против Торино во драматичната пресметка која се реши по продолженија. Практично сите три измени на Стефано Пиоли се покажаа како вистинска одлука, а херои на домаќините се Чалханоглу и Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот го постигна првенецот на „Сан Сиро“ по враќањето во црвено-црниот дрес оваа зима, односно ги постави конечните 4-2 во 109-тата минута. Само три минути претходно, Чалханоглу стрелаше за пресврт од 3-2, а турскиот репрезентативец исто така го донесе израмнувањето за Милан во првата минута од судиското надополнување по регуларните 90 минути.

Домаќините инаку поведоа по 12 минути игра со голот на Бонавентура, а Бремер како двоен стрелец на Торино сакаше да приреди изненадување на „Сан Сиро“.

Интер и Фиорентина утре во 20:45 часот ќе одлучуваат кој ќе биде противник на Наполи во второто полуфинале.

https://twitter.com/Emretwitte/status/1222269033162080256

https://twitter.com/GOALMW2/status/1222275389764046848

https://twitter.com/GOALMW2/status/1222280025577271297

- Оглас -

Најнови вести