Првенството во Италија ќе продолжи и сите мечеви ќе се играат во еден град?

Неизвесноста околу продолжувањето на првенството во Серија А останува. Италија е земјата која досега го претрпе најголемиот удар од пандемијата со Коронавирусот, но според најавите, време е полека да стивнува опасноста. Веќе еден месец фудбалот во оваа земја мирува, а постојат нагаѓања како ќе заврши прекинатото првенство.

Последната опција која ја донесува весникот „Република“ е шампионатот да се доигра во еден град, а многумина сметаат дека токму таа опција е најреална. Сите преостанати мечеви од Серија А би се играле во Рим, а би биле потребни 45 дена за да се доиграат преостанатите 12 кола.

Сите мечеви би се играле без публика, дури и без присуство на новинари за да бидат што е можно позаштитени играчите на теренот од евентуален ризик на вирусот. Најавено е и тоа дека можно е во преостанатите мечеви воопшто да не се користи ВАР-технологијата, односно за точноста на одлуките на теренот да решаваат тројцата судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести