Првиот човек на италијанскиот фудбал никогаш нема да потпише „смртна пресуда“ за Калчото

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, рече дека никогаш нема да потпише документ со кој би се завршила прекинатата сезона во лигите на Апенинскиот Полуостров.

Во Италија веќе еден и пол месец не се игра фудбал, пандемијата предизвикана од корона-вирусот ги запре активностите, но за разлика од властите, кои повеќе сакаат сезоната да биде завршена, Гравина со сите сили се бори повторно да се игра и сезоната да заврши, нешто што е желба и на милиони навивачи.

Гравина по состанокот со клубовите од Серија Б, јасно кажа дека нема да потпише „капитулација“.

„Додека сум претседател на Федерацијата, никогаш нема да потпишам такво нешто. Тоа би била смртна пресуда за италијанскиот фудбал. Ги штитам интересите на сите и одбивам да потпишам што било, освен ако условите се такви, па да биде апсолутно невозможно да се игра. Ако ја прекинеме сезонава, ќе загубиме од 700 до 800 милиони евра. Ако продолжиме без навивачи, загубите ќе бидат 300 милиони, а ако има и навивачи, ќе загубиме помеѓу 100 и 150 милиони евра“, вели Гравина.

- Оглас -

Најнови вести