Првиот гол на Лазаров на Мундијалите е од крилна позиција (Видео)

Македонскиот ракомет може да се гордее што го има Кирил Лазаров во својот состав, ракометарот кој поставува рекорди што тешко во светски рамки некој ќе ги достигне. Капитенот на нашата селекција денеска ќе истрча на седмиот негов Мундијал, но тоа што е повредно е дека овие настапи на планетарните собири се разделени во четири различни декади.

Првпат Лазаров на СП се појави во Египет во 1999 година, кога како млад 19-годишен талент доби шанса на дуелот против Саудиска Арабија. Македонија славеше со 28:21, а Кире го даде последниот гол на овој меч, а прв за него на Светските првенства.

Лазаров доби една топка по крилната позиција и од за него несвојствен агол, од крило, успеа да го постигне првиот гол во кариерата на Мундијалите.

Веќе на следното Светско првенство, кое го одигра во 2009 година во Хрватска, Лазаров даде неверојатни 92 погодоци, што е рекорд кој уште никој не може да го достигне.

Првиот гол на Лазаров може да го погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести