Првиот пик на драфтот во НБА е сензација, но има и незгоден здравствен проблем

Паоло Банкеро е изненадувањето на НБА драфтот што се одржа ноќеска во Њујорк и иако беше проектиран како трет, Орландо меџик го избра веднаш како прв избор.

Магичните веројатно не погрешија кога се работи за квалитетот, бидејќи италијанскиот репрезентативец е најкомплетниот кошаркар од сите што се појавија на драфот и имаше колеџ просек од 17 поени, 8 скока и 3 асистенции по меч на престижниот универзитет, Дјук.

Но, дел од американските медиуми објавија информација дека Банкеро има необичен здравствен проблем и дека премногу се поти и за еден меч губи околу еден и пол литар течност што е рамно на три килограми.

Се уште не е откриено што е причината за ваквата појава кај Банкеро, а тој пие специјални протеински напитоци за да го ублажи проблемот.

Експертите за НБА велат дека уште поголем проблем може да биде пеколниот ритам во најсилната кошаркарска лига на светот, каде распоредот понекогаш може да биде убиствен и се игра ден за ден.

- Оглас -

Најнови вести