Првиот прес на Мурињо како менаџер на Тотенхем помина во негов стил

Се врати Жозе Мурињо во Премиер лигата и најмалку до 2023 година ќе го води Тотенхем. Денес Португалецот ја одржа првата прес-конференција како менаџер на Петлите, а неговите одговори беа во негов стил.

Секогаш контроверзниот Мурињо не можеше да избега од она што го изјави пред четири години, кога беше предводник на Челзи. Тогаш кажа дека никогаш не би бил тренер на Тотенхем поради неговата врска со навивачите на Сините, но еве го, тој го презеде кормилото на клубот од Северен Лондон, а успеа и да се оправда зошто го кажал тоа.

„Точно е, кажав дека никогаш не би бил тренер на Тотенхем, но така се чувстував пред да ме избркаат“, провокативно одговори Мурињо.

Неговиот прв предизвик на клупата на Петлите ќе биде градско дерби против Вест хем, дуел кој ќе се игра во сабота, во 13:30 часот, на олимпискиот стадион „Лондон“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести